Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Зајакнување на социјалниот дијалог на локално ниво

Улогата на социјалниот дијалог е еднакво важна како на национално, така и на локално ниво, преку Локалните економски социјални совети за надминување на предизвиците со невработеноста и потребата на пазарот на трудот.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека улогата на Локалните економско социјалните совети е од големо значење особено во надминување на предизвиците и последиците предизвикани од Ковид-19, а посебно во креирањето на политиките на локално ниво за потребите на работниците и работодавачите особено во локалните партнерства за вработување.

Потсети дека токму на иницијатива на ССМ, започна и формирањето на ЛЕСС на локално ниво.

Отворање на старт-ап програмата во склоп на локалното партнерство за вработување (ЛПВ) – Битола Старт-ап Центар, претставува прво локално партнерство за вработување кое се спроведува во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, , со финасиска поддршка од Европска унија, а ќе се спроведува во Општина Битола.

На настанот се обратија градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, Никола Бертолини од ЕУ делегацијата во Скопје, -Наташа Мечкароска Симјаноска – Проектна координаторка на МОТ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.