Во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа втора средба помеѓу членови на Комисијата на ССМ за преговори по предлог текстот на нов Закон за работните односи од ССМ и претставници на Министерството за труд и социјална политика.
На средбата, претставниците од ССМ и МТСП продолжија да ги разгледуваат предлозите на ССМ и да ги усогласуваат своите ставови по однос на предложениот текст на нов Закон за работните односи изготвен од страна на ССМ.
ССМ останува посветен и активно учествува во процесот на подготовка на нов Закон за работните односи во кој задолжително бара исклучиво унапредување на правата на работниците.
Слика 1. Членовите на Комисијата од ССМ и претставниците од МТСП