Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВТОРА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Даневски, Претседател на Агро-Синдикат, Љупчо Радовски, Претседател на СТКЧ, Пецо Грујовски, Претседател на Синдикат на УПОЗ и остантите членови на ЕСС.

Претседателот на ССМ, Димовски ги презентираше предлозите на ССМ за 4 сет мерки и истакна дека треба да се преземат сите напори со четвртиот пакет мерки да им се помогне на работниците и претпријатијата да ги надминат последиците предизвикани од здравствената криза, како и тоа дека со овој сет на мерки да се придонесе здравствената криза да не премине во криза на пазарот на трудот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.