Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Водилка за превенција од Корона вирусот која треба да ја знаат и практикуваат работодавачите и вработените во секторот градежништво и индустријата за градежни материјали

Сојузот на синдикати на Македонија ги информира сите работници во градежништвото и индустријата,  дека СГИП како единствен репрезентативен синдикат на работниците од градежништвото заедно со Македонското здружение за заштита при работа изготви Водилка за Безбедност и здравје при работа во градежништвото за превенција од Корона вирусот. Денес ја споделуваме со сите на кои им е потребна, бидејќи и работниците и работодавачите се во борба против денешниот невидлив непријател кој предизвика пандемија во светот. Сакаме да ги потсетиме сите дека оваа Водилка како и сите останати мерки и препораки од здравствените работници и установи се од исклучително значење во овој период. Свесни сме дека колку повеќе се придржуваме толку побрзо ќе го надминеме проблемот.
Проблемот е навистина голем и трпи последици по економијата и работниците. Мораме да се бориме заеднички, бидејќи токму секторот градежништво е еден носечки столб во економијата и главен двигател на бруто домашниот производ. Статистиката вели дека опфаќаме број од над 50 илјади  вработени во секторот и затоа мора да внимаваме да не дојде до колапс. На последната седница на Владата, како и мерките и препораките од кризниот штаб се дека и градежните работници со посебни дозволи ќе одат на работа.

Превентивното делување секогаш треба да го практикуваме и затоа од исклучително значење е оваа Водилка за
превенција од Корона вирусот која треба да ја знаат и практикуваат работодавачите и вработените во
секторот градежништво и индустријата  за градежни материјали.

Истата ќе биде достапна на веб страниците од Сојузот на синдикатите на Македонија, Македонското здружение
за заштита при работа како и на нашите Facebook страни и Youtube канали.

НАШЕ ЛЕГИТИМНО ПРАВО Е ДА РАБОТИМЕ БЕЗБЕДНО И ЗДРАВО!

Линк од видео порака:

https://www.youtube.com/watch?reload=9&v=a6DuTSWza6A&feature=youtu.be

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.