Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Во Скопје нема ниту еден градежен инспектор – кој да ги казни газдите што не ги опремиле работниците?

Скопје нема ниту еден градежен инспектор кој би контролирал дали се почитуваат мерките за заштита при работа, вели за Детектор Иван Пешевски Заменик Претседател на Синдикатот на градежништвото индустрија и проектирање на Р.Македонија.

Тој вели дека во Македонија нема проблем со легислативата бидејќи закон има, но проблем и фактот дека тој закон едноставно нема кој да го спроведува, бидејќи воопшто и нема инспекциски служби.

„Прашајте слободно да видите дека во Скопје нема ниту еден градежен инспектор.  Ако излеземе по градилиштата ситуацијата е таа бидејќи нема кој да ги контролира. Не зборуваме за компании кои што навистина почитуваат социјален дијалог, кај што има синдикално организирани работници и каде што работодавачот вложува во лична заштитна опрема, но тоа не е репер тоа не е репрезент за нашето општество. Јас не сум слушнал дека некој е казнет или му се затворила фирмата поради тоа што не ги испочитувал мерките за безбедност и здравје при работа.
Пешевски вели дека поради немањето на инспектор и отсуството на контрола градежништвото е во ситуација кога се е оставено на совеста на работодавачите кои пак, мерките за безбедност и заштита при работа ги чувствуваат како некој директно да им удира по џебот. 

Линк од емисијата: https://www.youtube.com/watch?v=TCx_0YBveKk

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.