- Македонски
- English
На 4 Конгрес на BWI (Меѓународна организација за градежништво и дрвна индустрија) усвоена е резолуцијата на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија (СГИП) за единство и солидарност помеѓу синдикатите од земјите членки на ЕУ и Југо-источна Европа.
Врз основа на оваа резолуција за солидарност и единство, формиран е Пан Европски регион кој ги опфаќа членките од Русија до Турција и сите Балкански земји, кој има за цел да работи самостојно со свој претставник и право на глас во сите органи и тела на BWI.
4 Конгрес на BWI се одржува во Дурбан, Јужно-Афричка Република на кој се присутни 726 Делегати од синдикатите од вкупно 93 земји во Светот.
Делгацијата од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија (СГИП) пристна на 4 Конгрес на BWI е предводена од : Претседателот на СГИП, Павел Трендафилов, Заменик претседателот на СГИП, Иван Пешевски, Генералниот секретар на СГИП, Благуна Стојкоска и Главниот синдикален претставник на СО Гранит, Ивана Димитрова.
Слика 1. Делегација на СГИП
Слика 2. Заменик претседателот на СГИП