Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТРИПАРТИТНА СРЕДБА ЗА ПРОЦЕНА НА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Во организација на Меѓународната организација на трудот, во Хотел Арка на 13 декември 2018 година се одржа Трипартитна средба на која учествуваа претставници на МОТ, МТСП, ОРМ, БКМ, ССМ, КСС и други заинтересирани страни и која беше посветена на  процена на начинот на утврдување на минималната плата и  беше презентирана нацрт-студија„ Влијанијата од зголемувањето на минималната плата во Македонија во 2017 година.

Слика 1. Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски со претставниците на ССМ.

На средбата, од Сојузот на синдикатите на Македонија учествуваа Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, Раководителот на Одделенијата Слободан Трендафилов и Љубица Дековска самостоен стручен соработник за економско-социјални прашања.

Претседателот Димовски истакна дека со минималната плата од 12.165,00 денари во ноември 2018 година, се покриваат само 37,38% од трошоците пресметани во минималната синдикална кошница, која за месец ноември 2018 година изнесува 32.545,00 денари, а пак доколку работникот ако ја прима просечната плата која е исплатена во државата во септември 2018 година( септември е последен податок од ДЗС) во износ од 24.355,00 денари, со истата ќе може да подмири 74,96% од најнеопходните потреби на неговото четиричлено семејство(32.492,69 денари СМК). За да ја обезбеди вкупната вредност на производите и услугите вклучени во пресметката на кошничката  му недостасуваат 33,41% од 
просечната плата - односно номинален износ од 8.137,00 денари.

Податоците покажуваат дека постои оправдана потреба од зголемување на минималната плата и Сојузот на синдикатите на Македонија во идниот период ќе понуди модел како истата оправдано да расте во рамки кои ќе бидат во интерес на работниците, а нема да предизвикуваат големи финансиски импликации кај  работодавачите.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.