Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА - 28, АПРИЛ „ДА РАБОТИМЕ БЕЗБЕДНО И ЗДРАВО Е НАШЕ ЛЕГИТИМНО ПРАВО“ -во сеќавање на починатите, се бориме за живите-

Епидемијата на Коронавирусот „ КОВИД-19“ ни покажа колку сме ранливи и колку опасна може да биде по животот и здравјето на работниците и луѓето, како и колку опасна може да биде за економијата.

На Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа -28, април, акцент ставаме на здравствените работници, работниците во полицијата, армијата, комуналните работници, транспортот, трговијата, производството, градежништвото, во прехранбената, текстилната, хемиската индустрија и многу други кои секојдневно извршувајќи ги своите работни задачи се изложуваат на ризик од заразата или пак нејзино ширење,  а со тоа ги доведуваат во опасност и ги  изложуваат и своите семејства.

Ракоплескањето во овие моменти е добро, но уште подобро е зголемување на платите и подобрување на условите за работа на сите работници ангажирани и изложени во овие исклучително тешки моменти, вложување во безбедност и здравје при работа,  инвестиции во здравствениот сектор, итн.

Во услови кога сите заедно се бориме за нашето и вашето здравје, не дозволивме здравствената криза да премине во криза на пазарот на трудот, а за да си помогнеме едни на други Сојузот на синдикатите на Македонија се залага за:

  • Препознавање на КОВИД-19 како професионално заболување и обезбедување на обука за тоа како се лекува;
  • Вклучување на работниците и нивните претставници во процената на ризикот и преземање на соодветни мерки за спречување на КОВИД-19;
  • Спречување на губење на приходи на работниците поради намаленото работно време со цел да се спречи вирусот;
  • Секојдневни тестови за сите работници кои не се чувствуваат добро;
  • Платено отсуство за работниците кои се привремено без работа или во карантин поради КОВИД-19;
  • Создавање на услови за физичко растојание на работното место како и редовна дезинфекција на работните средства и работните простории;
  • Донесување на одлуки за престанок со работа од страна на претставниците на работниците за БЗР во случај кога не се исполнети барањата за здравствена заштита на работниците;
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.