СТОП ЗА РОДОВИОТ ЈАЗ ПРИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ
ЕДНАКВИ ПЛАТИ НА ЖЕНИТЕ СО МАЖИТЕ
Нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените е едно од најважните прашања на кои работи ССМ.
Јазот на примањата според родот не е во согласност со Конвенцијата С-100 на МОТ за еднакви плаќања, како и на Уставот така и на трудовите закони – Законот за работни односи, Законот за антидискриминација и Законот за еднакви можности на мажите и жените и др.
Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз, а преку почитување на Колективните договори може да се дојде до поефикасно решение за надминување на таквата разлика.
Жените се порамномерно распоредени, но забележителна е малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени.
Една од причините за таквата состојба е ниската стапка на синдикално организирање кај женскиот дел од популацијата, нешто што во радениот период мора да се промени.
Здружени со иста цел - Фер плати, еднаква плата за еднаква работа