Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ стравува од можни злоупотреби и на петтиот пакет економски мерки

Сојузот на синдикати на Македонија изрази стравување дека опцијата од петтиот пакет економски мерки за помош на работодавачите за исплата на плати преку поволни кредити би можела да биде злоупотребена. Како што вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, несовесни работодавачи би можело тие средства да ги употребат за друга намена.

Никаде не пишува дека тие кредити се за субвенционирање на плати. Нас како синдикати треба да нѐ плаши, бидејќи несовесните работодавачи на кои убаво им се кажува дека тие пари се наменски, за субвенционирање на плати за нивните работници – не ни ги дадоа, а не па за субвенционирање со некој кредит со кој тој работодавач ако има дупки, ќе бара да си плати данок, да си покрие не знам што…“, вели Димовски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.