Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ се приклучи во хуманитарната акција за поплавените подрачја

Сојузот на синдикати на Македонија се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите подрачја од катастрофалните поплави што ги зафатија регионите на Скопје и Тетово.

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, информираше дека главно ќе се донираат прехранбени продукти, хигиенски материјали, санитетски материјал, пакети со вода и парична помош.

Слика 1. Донација од ССМ

-Формиравме и кризен штаб на ССМ при што ќе настојуваме секој Синдикат да се вклучи со соодветни волонтери кои ќе работат на терен, како најнепосредно би се вклучиле во реализација на оваа хуманитарна акција и помош за настраданите, истакна претседателот д-р Живко Митревски.

Слика 2. Претседателот д-р Живко Митревски на прес конференцијата

Претседателот Митревски посочи дека веќе оствариле контакт и со Регионалниот синдикален совет „Солидарност“ кој е формиран пред повеќе години и во кој членуваат сите земји од поранешна Југославија и од таму е потврдено дека и тие ќе се вклучат во хуманитарната акција.

-Планираме да побараме помош и на меѓународен план со оглед на тоа што сме членки и во Европската конфедерација на синдикати, Светската конфедерација на синдикати и да добиеме  соодветна помош која ќе помогнат во надминувањето на оваа елементарна непогода, потенцираше претседателот на ССМ д-р Живко Митревски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.