Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ПРИЈАВИ ПОВЕЌЕ ОД 100 ГАЗДИ ЗА НЕИСПЛАТЕН К-15

ССМ ПРИЈАВИ ПОВЕЌЕ ОД 100 ГАЗДИ кои не исплатиле во целост или исплатиле помалку К-15 на работниците за 2020 година.

Пријавите, во името на работниците се потпишани и поднесени од Претседателот на ССМ за да се заштитат работниците од притисоци и закани од работодавачите.

БАРАМЕ одговорност и целосна примена на член 166 став 1 од Кривичниот законик за сите работодавачи кои свесно го прекршиле ова работничко право.

Доколку биде потребно ќе бараме одговорност и од надлежните инспектори и ќе ги објавиме документите со кои располагаме ако не бидат санкционирани сите кои го прекршиле ова работничко право

ПОТСЕТУВАМЕ

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Повреда на правата од работен однос Член 166

Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.