Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ на средба со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири

Денеска во МИОА, се одржа средба на која учествуваа Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Потпретседателот на Советот на ССМ за јавен сектор - Д-р Марјан Кицев и Потпретседателот на Советот на ССМ за организациски развој – Миќо Стојановски со Министерот Јетон Шаќири. 

На средбата се дискутираше за предлозите на ССМ за 4 сет на мерки, а беше договорено во наредниот период за сите активности кои ќе бидат спроведувани од страна на МИОА , а се однесуваат на вработените во јавниот сектор да биде вклучен синдикатот.

Претседателот на ССМ, Димовски укажа на потребата од решавање на проблемите со кои се соочуваат комуналните работници и нивно враќање под Законот за работните односи поради тоа што претпријатијата во кои работат се од комунална дејност и се самофинансираат, а со тоа ќе се придонесе и до намалување на вкупната бројка на административни и јавни службеници без да се загуби ниту едно работно место.

Исто така беше дискутирано и за предлозите на ССМ за пензионирање на работниците по неколку основи.

Беше дискутирано за значењето и потребата од склучување на колективни договори за надминување на јазот во платите кој се јавува кај вработените во различни Државни институции.

Единствено преку Социјален дијалог може да се изнајдат прифатливи решенија за предизвиците со кои сме соочени, беше заеднички заклучок од средбата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.