Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ- ГРИЖА ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦАТА, СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ И СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Слика 1. Презентација на извештајот

Во рамките на програмата на Сојузот на синдикатите на Македонија, една од активностите е секако и грижата за слободното време на работниците, потребата од системско згрижување на децата, посебно од предучилишната возраст и обезбедување на пристојно време на работниците за поминување на слободното време со семејството.

Во овие рамки, ССМ беше вклучен во Проектот за унапредување на алтернативни услуги за згрижување на деца, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Министерството за труд и социјална политика и експерти од ЕУ.

Слика 2. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на презентација на Извештајот

На 5.4.2017 година, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и раководителот на одделенијата во ССМ, Слободан Трендафилов присуствуваа на презентација на Извештајот за квалитативна анализа на податоци од истражувањето „Национална студија за утврдување на потребите за услуги за згрижување на деца, (формални и неформални кај родители со деца)“.

Презентацијата беше реализирана од страна на Мауро ди Вероли, Делегација на ЕУ и Мариус Хаулика, тим лидер на Проектот, а присуствуваше и државниот советник во МТСП, Енвер Хусеин.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.