Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ БАРА САБОТА И НЕДЕЛА ДА БИДАТ ДЕНОВИ НА НЕДЕЛЕН ОДМОР

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на активностите за изготвување на новиот Закон за работните односи достави свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.

Покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права  и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.

Поаѓајќи од се почестите дискусии за потребата недела да биде неработен ден за сите работници , кои се се поприсутни на меѓународно ниво , а посебно во земјите од нашиот регион , како и позитивниот пример на Црна Гора во оваа насока ,  Сојузот на синдикатите на Македонија е на став дека како   ден на неделен одмор  треба да  се третираат  саботата  и неделата , наместо како што до сега тоа е регулирано -  „Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата“.
Анализите и примерите  покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување
Дополнително во оваа насока, ССМ  предложи, полното работно време да не може да биде подолго од 38 часа неделно , наместо сегашните 40.
Посочените  барања и заложби на Сојузот на синдикатите на Македонија се прогресивни, развојни и мотивирачки  кои значително ќе влијаат на зголемување на продуктивноста на трудот , но и на заштитата на работничките права и потреби. ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање на правна рамка за почитување на  демократските вредности ќе се создададат  основи и  претпоставки кои ќе ја задржат младата популација во државата , наспроти трендот на отселување карактеристичен за последниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.