Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на активностите за изготвување на нов Закон за работните односи достави свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.
Покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ предложи ден на неделен одмор по правило да биде сабота и недела.
Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.