Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ АЛАРМИРА ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

29.6.2017

Согласно Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз населението во РМ, Програмата за работа на ССМ и мерките за БЗР, укажуваме дека се препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Се препорачува работодавачите да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во период од 11- 17 часот. Согласно насоките од Министерството за здравство се укажува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11-17 часот, а особено се препорачува установите за згрижување на децата да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во период од 11-17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Повеќе информации за топлотните бранови може да се најдат на интернет страната: www.toplotnibranovi.mk    

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.