Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ВИСОК ПРЕТСТАВНИК НА МОТ

Денес, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работна средба помеѓу Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски и Магнус Берге, Специјалист за работнички активности во канцеларијата на МОТ за Централна и источна Европа.

На состанокот беше дискутирано за активностите кои ССМ ги превзема во овој период поврзани со донесување на нов Закон за работните односи, преговорите за склучување на Општ колективен договор за приватниот и јавниот сектор, како и потребата од зголемување на Минималната плата.

На сотанокот беше истакната поддршаката на ССМ за спроведување на горенаведените активности за унапредување и усогласување на работното законодавство.

Истовремено, беше договорена динамиката за спроведување на активности на ССМ во следниот период со поддршка на Меѓународната организација на трудот.

Со ова се потврдува улогата и значењето на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во процесите за заштита на работничките права.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.