Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОРМ

Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски оствари средба со Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

Слика 1. Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски,Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров

На средбата се дискутираше за процесот околу преговорите за потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор, за потребата од отпочнување на процесот на преговори за склучување на Општ колективен договор за јавен сектор, за предлозите на ССМ по однос на новиот Закон за работните односи, за барањето на ССМ за утврдување на Репрезентативност на ССМ, за последните измени и дополнување на Законот пензиско и инвалидско осигурување со кој беше зголемена стапката на придонесот и за влијанието на истата на платите на работниците како и за многу други прашања поврзани со унапредување на правата на работниците и за унапредување на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери.

Партнерите се согласија дека е потребно одржување на редовни работни средби  на кој би се дискутирале сите отворени прашања.

Денешната средба, како и средбата помеѓу ССМ и Владата на Република Македонија уште еднаш  ја потврдуваат вклученоста, улогата и значењето на ССМ како активен Социјален партнер, а тоа е исклучиво во насока на подобрување и унапредување на правата на работниците.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.