Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ГЕРМАНСКИОТ ПРАТЕНИК МЕТИН ХАКВЕРДИ

2.6.2018

Слика 1. Претседателот на СМССМ, Ивановска на средбата со пратеникот Хакверди

Претседателот на Секцијата на млади на ССМ, (СМССМ), Ирена Ивановска, на 2 јуни 2018 година во х. Парк, Скопје, присуствуваше на средба со пратеникот од германскиот Бундестаг, г-дин Метин Хакверди во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје на која присуствуваше и директорката на ФЕС Скопје, Ева Елерајт.

Метин Хакверди (Metin Hakverdi) е пратеник на Социјал демократската партија на Германија (SPD) од 2008 година. Неговиот политички ангажман помеѓу другото е насочен кон прашања поврзани со Европската Унија, но истовремено е член и на парламентарната група за соработка со југоисточна Европа (Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија).

Во рамки на неговата посета во Македонија беше предвидена средба со претставници на младинските организации во Македонија, на која тема на разговор беше перспективата на младите во Македонија и миграциските трендови, како и нивната перцепција и ставовите за  процесите на европските интеграции.

Од страна на Претседателот на СМССМ, на средбата беше истакната и потребата од активно вклучување на младите во рамките на синдикатите со цел подобрување на социо- економската положба на младите преку еден институционализиран механизам на носење промени, токму преку синдикатот како еден од релевантните социјални партнери во Р. Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.