Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ И МЗЗПР

Денес, претседателот на ССМ, Дарко Димовски оствари работна средба со претседателот на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Милан Петковски на која се дискутираше за главните предизвици со кои се соочуваат работниците во делот на безбедноста и здравјето при работа, како и можноста за поголема превентивна култура кај сите релевантни чинители за максимална заштита на безбедноста и здравјето на сите работници, особено на оние во најпогодените сектори, како градежништвото и индустријата.

На состанокот, исто така, беа презентирани активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија на ова поле, вклучително и организирањето на Регионалниот Форум за безбедност и здравје при работа кој ќе се одржи на 4 и 5ти март, во соработка со Европскиот синдикален институт на Европската Конфедерација на синдикати.

Претседателот Димовски уште еднаш ја потврди заложбата на ССМ за зачувување на безбедноста и здравјето на работниците како еден од приоритетите на синдикалното дејствување и работа. 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.