Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ, ДИМОВСКИ И ПРЕТСЕДAТЕЛОТ НА РКЕ, БИСЛИМОСКИ

Денеска, се одржа состанок помеѓу Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, Марко Бислимоски.

Слика 1. Претседателот на ССМ, Димовски и Претседателот на РКЕ, Бислимоски

На состанокот  се дискутираше за последиците кои ќе произлезат од покачувањето на цената на електричната енергија врз најранливата категорија на населението, работниците кои земаат минимална плата, пензионерите и останатите ранливи категории кои директно ќе го осетат ова зголемување на цената на струјата,  односно за потребата дополнително да се воведе и привремена мерка која ќе значи проширување на опфатот на лица кои ќе влезат во групата за субвенционирање на сметки, со вклучување на граѓани кои се директно економски погодени од здравствената криза на пример оние граѓани кои останале без примања, без работа, им се намалени платите и др.

Претседателот на ССМ, Димовски и Претседателот на регулаторната комисија, Бислимоски заеднички апелираат компаниите  да излезат со нови пресметки за цената на електричната енергија, а Регулаторната комисија, доколку добие нови пресметки за намалување на цената, ќе донесе и нова Одлука за намалување на истата.

Истовремено, доколку не се намали цената на електричната енергија се разговараше дека од страна на новата Влада, во најкус рок, потребно е за сите погодени категории на граѓани и домаќинства кои согласно податоците ќе бидат најпогодени од зголемувањето на цената на електричната енергија, да се субвенционира процентот на зголемување на цената на електричната енергија.

Се разговараше и за потребата од намалување на ДДВ-то, како мерка за надминување на ценовната разлика од зголемувањето на цената на електричната енергија.

Беше разговарано и да се потпише Меморандум помеѓу РКЕ и ССМ и во наредниот период РКЕ пред донесување на Одлуки кои во поголема мера ќе влијаат на буџетот  на работниците и домаќинствата да се разговара и да се разгледаат аргументите на сите страни вкучително и на работниците.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, потенцираше дека доколку  не биде направена корекција на цените од страна на компаниите и покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите најмалку во висина на зголемените трошоци за живот.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.