Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Средба на претседателот на ССМ со вработени од МАКПРИМАТ

Денеска, во Сојузот на синдикатите на Македонија, Претседателот на ССМ, Дарко Димовски заедно со службата од ССМ, остварија средба со вработени во Макпримат.

На средбата се дискутираше за состојбата во која се нашле вработените во оваа компанија, за подметнувањата на бланко листови со барање од работодавачот истите да се потпишат од страна на работниците, како и за низа други проблеми со кои се соочуваат во овие исклучително тешки моменти.

ССМ согласно своите надлежности, по утврдување на состојбата, веднаш ќе преземе соодветни активности за заштита на правата на овие работници.

Апелираме до работниците, да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работен однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.