Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕКС И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Генералниот секретар на европската конфедерација на синдикати, Лука Висентини и Специјалниот советник на ИТУЦ, Јап Винен, остварија заедничка работна средба со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Ваква средба вкоја се одржа во Сојузот на синдикатите на Македонија се случува за прв пат во историјата на синдикалното движење во Македонија и истата е исклучително значајна  поради можноста, Генералниот секретар ЕКС, Лука Висентини  и Специјалниот советник на МКС, Јап Винен да искажат солидарност со  Сојузот на синдикатите на Македонија и на сите синдикати во Државата, односно со работниците и нивните синдикати и да упатат конкретни пораки до Претседателот на Владата, Заев и Министерот за труд и социјална политика; Царовска.

 

Слика 1.Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Генералниот секретар на европската конфедерација на синдикати, Лука Висентини и Специјалниот советник на ИТУЦ, Јап Винен, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска

 

Слика 2.Учесници на состанокот

На средбата се дискутираше за прашањата со кои се соочуваат синдикатите и предизвиците  пред кои се исправени, а исто така присутните заеднички се согласија за потребата од изнаоѓање на решенија преку Социјален дијалог преку вклучување на сите инволвирани страни и заемно почитување на различните погледи за решавање на одредени прашања во интерес  на работниците.

На средбата покрај другото, беше искажана поддршката од страна на Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Лука Висентини, за европскиот пат и за европските заложби  на нашата Држава во решавањето на овие прашања, нагласувајќи го вклучувањето на сите институции надлежни за овие прашања во креирање на новиот закон за работни односи со европските вредности.

Генералниот секретар ЕКС, Лука Висентини  и Специјалниот советник на МКС, Јап Винен го поздравија социјалниот дијалогот кој е во тек, но во исто време препорачува да се задржат позитивните аспекти кои се дел од Законот за работни односи и процесот да се искористи во насока да се зајакне социјалниот дијалог, да се унапреди процесот на колективно договарање и да се пополнат празнините кои се уште постојат во Законот за работните осноси во насока на Европските директиви и Конвенциите на МОТ.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека соработката со европската и светската конфедерација на синдикати е од исклучителна важност за ССМ, а  поддршката  од ЕКС и МКС е показател дека ССМ на правиот пат на кој мора да истрае, а истовремено укажа  дека сите економски и општествени проблеми и предизвици во државата не може и не треба да се решаваат само преку грбот на работниците.

Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека присуството на високите претставници на ИТУЦ и ЕТУЦ на состанокот и нивната поддршка на  заложби на ССМ се од исклучително значење за сите синдикати кои заеднички треба  работат за унапредување на работно правното законодавство.

Премиерот Зоран Заев се заблагодари за учеството и придонесот на синдикатите во Социјалниот дијалог како и  во изработката на новиот закон за работни односи и истакна дека најважен дел во него се одредбите за унапредување на правата на работниците, социјалната заштита, како и условите за раст на платите на сите вработени во државата и се тоа по пат на Социјален дијалог.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска потенцираше дека новиот Закон за работни односи којшто е во фаза на подготовка е усогласен со меѓународните стандарди и ги унапредува работничките права и социјалниот дијалог и дека очекува во нередниот период преку социјален дијалог со вклучување на академската јавност којашто се занимава со трудовото право,  да се донесе закон којшто ќе биде во интерес на сите.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.