Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОВЕТУВАЊЕ за Правни застапници, Синдикални претставници и синдикални раководства

Во рамките на активноста на ССМ, ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија спроведува советување за Правни Застапници, Синдикални Претставници и Раководства.

На советувањето учествуваат околу 30 учесници од ССМ и синдикатите здружени во ССМ кои директно ја овозможуваат и работат на правната заштита и заштитата и унапредувањето на работничките права.

Зајакнувањето на капацитетите на ССМ и синдикатите во услови на пандемијата предизвикана од Ковид -19, е со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права. На советувањето од страна на Претседателот на ССМ, Дарко Димовски беа презентирани активностите на ССМ во време на пандемија, а задно со проф. д-р Александар Ристовски се работеше и на следните теми:

 -РАБОТЕН ОДНОС И ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ,

- ФЛЕКСИГУРНОСТ И НЕСТАНДАРДНИ ФОРМИ НА ВРАБОТУВАЊЕ,

- УСЛОВИ ЗА РАБОТА,

- ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ОТКАЗ

фото галерија:

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.