Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Состанокот на Извршниот одбор на Пан Европскиот Синдикален Совет (ITUC- PERC)

Денес, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, учествуваше на онлајн состанокот на Извршниот одбор на Пан Европскиот Синдикален Совет (ITUC- PERC), на кој присуствуваа највисоките раководства на светското и европското синдикално семејство. Состанокот го отвори претседателот на ПЕРК, Иракли Петријашвили, а свои обраќања имаа и генералниот секретар на ЕКС (ETUC), Лука Висентини и генералниот секретар на МКС (ITUC), Шаран Бароу.

Секретарот на Советот на ССМ, ги презентираше активностите на ССМ за време на пандемијата во насока на заштита на правата на работниците, како и предлог мерките поднесени до Владата.

Генералниот Секретар на ЕКС, Лука Висентини истакна дека посебно внимание во наредниот период ќе биде посветено на процесот на пристапување на Македонија и Албанија во Европската унија и дека синдикатите на овие држави ќе ја имаат поддршката од европското и светското синдикално семејство во целокупниот процес.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.