Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Денес во Министерството за труд  и социјална политика, се одржа состанокот помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, а на состанокот присуствуваа и членовите на Комисијата за преговори по предлог текст на нов Закон за работните односи( Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Претседателот на СИЕР, Пеце Ристески и Претседателот на АГРО, Живко Даневски).

Слика 1. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Претседателот на СИЕР, Пеце Ристески и Претседателот на АГРО, Живко Даневски

На состанокот беше дискутирано за предлозите на ССМ по однос на текстот за нов Закон за работните односи, за најавената мерка од Владата за субвенција на придонесите при покачување на  платите, за потребата од зголемување на платите, вклучително и зголемување на минималната плата, како  и за други прашања поврзани со унапредување на работничките права, а кои се предмет на интерес за работниците.

Сојузот на синдикатите на Македонија е единствениот репрезентативен социјален партнер кој изготви и свој предлог текст на Закон за работните односи по кој веќе диксутираат и останатите социјални партнери и единствениот синдикат кој врз основа на темелна пресметка, поткрепена и со пресметката на Синдикалната минимална кошничка, континуирано бара и се залага за зголемување на минималната плата.

Средбата помеѓу раководството на ССМ и Министерот за труд и социјална политика, претставува  потврда за значењето и улогата која ја има ССМ во делот на заштита и унапредување на работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.