Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Состанок помеѓу ССМ и Фондацијата Фидрих Еберт

Слика 1. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и директорката на ФЕС, канцеларија Скопје, Ева Елерајт

Денес, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски одржа работен состанок со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Ева Елерајт на кој се дискутираа актуелните случувања во делот на работно правното законодавство, како и активностите на ССМ и здружените грански синдикати за унапредување на работничките права.

Од страна на Директорката на ФЕС Скопје, Ева Елерајт уште еднаш беше потврдена поддршката на ССМ за спроведување на идни активности, сѐ со цел подобрување на статусот на сите вработени во државата, преку процесите на социјален дијалог, колективно преговарање и развој на соодветни стратегии и програми.

Фондацијата Фридирх Еберт, останува еден од најголемите поддржувачи на синдикалното движење во земјата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.