Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СООПШТЕНИЕ ОД СТКЧ

Нечовечки е во услови на пандемија, Парламентот да си игра со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март, а сега сме април.- Љупчо Радовски, претседател на СТКЧ.

Народните пратеници да престанат да си играат со судбината на работниците, апелираат од Синдикатот за текстил и кожарство при ССМ. Ако петиот пакет мерки не се донесе до крајот на неделава, предупредуваат дека на принуден одмор ќе бидат пуштени тројно повеќе текстилни работници.

„Нечовечки е во услови на пандемија, Парламентот да си игра со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март, а сега сме април. Народните пратеници испаднаа ненародни луѓе и не знам со каков образ ќе бараат поддршка на следните избори од работниците кои ги оставија без две плати и егзистенција”, вели за „Локално“ Љупчо Радевски претседател на текстилниот синдикат.

„Два месеца никој не ги праша работниците дали имаат пари дома да однесат леб, да ги платат давачките кон државата, да се лекуваат и што се не за еден скромен живот”, револтирано реагира Радевски.

Во ситуација на недонесување на мерките со кој треба на фирмите да им се помогне да ги исплатат своите работници или со задолжување во банка да го премостат овој период, работодавачите, според Радевски, го прават единственото што можат за да ги задржат работните места.

Државната помош треба да ги спаси работните места до втората половина на годинава кога се очекува враќање на нарачките од странските партнери и континуирана работа на текстилните погони.

Повеќе можете да прочитате на

https://lokalno.mk/ako-do-krajot-na-nedelava-ne-se.../

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.