Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СООПШТЕНИЕ ОД СГИП

Почитувани,

Имајќи ги во превид препораките и заклучоците на Светската Здравствена Организација за Корона вирусот, најновите случувања во светот и регионот, каде државите превземаат соодветни превентивни мерки се со цел заштита на граѓаните, како и фактот дека на територијата на Република Македонија, Кинеската компанија Синохидро врши дејност на повеќе локации со вработени од Република Кина, кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија, Ве повикуваме како одговорни за нашите работници и граѓани да со своите надлежни органи и тела превземете соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија. Од она што го гледаме на терен, има постојано заминување и доаѓање на кинеските работници од компанијата Синохидро за што апелираме да се превземат соодветни превентивни мерки согласно препораките на СЗО без притоа да го лимитираме нивниот престој за работа.

Како единствен репрезентативен Синдикат на вработените од секторот градежништво и индустрија за градежни материјали сме загрижени за вработените и граѓаните и очекуваме повратна информација за превземените мерки, со цел избегнување на нeпланирани одложувања и прекини на градежните активности кои се во тек.

Со почит,

СГИП

Заменик Претседатател

Иван Пешевски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.