Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Соопштение COVID-19

Почитувани,

Имајќи ги во превид препораките,  заклучоците и Одлуките на Владата и Министерството за здравство, заради спречување на внесување и ширење и можноста од заразување од Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето, СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ССМ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПЕРИОДОТ ДО 24. МАРТ 2020 ГОДИНА СЕ ОДЛОЖУВААТ.

Сојузот на синдикатите на Македонија во прилог ги доставува сите информации, препораки, прашања, одговори и вистини за корона вирусот кои можат да се најдат на следните линкови:

http://ssm.org.mk/mk/site-informacii-preporaki-prashanja-odgovori-i-vist...

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Вработените во синдикатите здружени во ССМ, доколку е возможно тоа, работата да ја извршуваат од дома.

Стручната служба својата работа во наредниот период ќе ја извршува од дома, а по потреба за итни случаи и во просториите на ССМ.

СИН-АГ ССМ ДООЕЛ Скопје, потребно е веднаш да ги намали капацитетите на работа во зградата на ССМ и во наредниот период до 24 март 2020 година да работи само чуварската служба која на сите на кои им е потребна итна помош од страна на ССМ, ќе ги упатува до лицата задолжени за тоа, а паркингот да работи со скратено работно време само прва смена.

Исто така  при влезот во зградата на ССМ да се води сметка  задолжително да се дезинфецираат рацете со средствата за таа намена кои се поставени на самиот влез.

Со оглед на тоа што ССМ е единствен репрезентативен синдикат и кој во овие моменти води грижа и за работниците кои секојдневно се изложуваат или се изложени на можноста од заразување од Коронавирус COVID-19, за сите прашања или потреба од некаква помош или заштита од ССМ може да ги контактираат:

Претседател на ССМ, Дарко Димовски / 070 262 812

Секретар на Советот на ССМ, Златко Цветковски / 070 267 545

Шеф на кабинет, Слободан Трендафилов / 072 307 631

Советник за организација и развој, Катерина Поповска / 072 277 182

Советник за работни односи, Лиле Петрова / 072 307 639

Советник за меѓународна соработка, Ирена Ивановска / 072 277 151

Соработник за економско социјални прашања, Светлана Димоски / 072 277 185

Во наредниот период од страна на ССМ, редовно ќе бидат доставувани сите известувања кои ќе пристигнат до ССМ, а за навремено координирање и комуницирање ќе бидат воведени и други електронски начини на комуникација : viber група, facebook и сл.

Препорачуваме сите да се придржувате до мерките, а со цел обезбедување заштита на здравјето на сите.

Со почит,

 

Сојуз на синдикатите на Македонија
Бул. 12та Македонска Бригада 2а,
1000 Скопје, Македонија
тел. +389 2 3161 374

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.