Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Социјалниот дијалог помеѓу Синдикатот за здравство и Министерството дава резултати

После најавениот трет сет на мерки од Владата на РСМ и наградата во здравството, ССМ заедно со Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, ја поздравуваат и честитаат донесената одлука за награда на здравствените работници содржана во третиот сет мерки, но укажуваат дека освен предложената листа на опфатени здравствени работници, истата треба да се прошири и за сите оние вработени кои директно се изложени на ризикот од зараза со корона, односно, сите оние кои се наоѓаат на патеката на пациентот.

Можеме да го искажеме задоволството во разбирањето од нашето укажување и дополнителното проширување на листата на наградените во здравството.

Како Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со поддршката од ССМ ќе бараме во наредниот период да се препознаат и сите останати вработени во здравството, кои учествуваат во одржувањето на здравствениот систем во вонредната состојба и услови на корона вирус и истите да бидат соодветно наградени.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.