Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОБ: Барање за исплата на награда за припадниците на МО и АРМ

Синдикатот на Одбраната и безбедноста – СОБ, континуирано ја следи состојбата во Република С. Македонија, предизвикана од вирусот Ковид 19.

Со оглед на пандемиската состојба која што ја погоди Македонија, поради која беше прогласена и вонредна состојба, проследена со полициски час и строги мерки се со цел да се спречи ширењето на вирусот, вработените во Министерството за одбрана, а посебно вработените во АРМ беа и сеуште се вонредно ангажирани за надминување на состојбата.

Во текот на вонредната состојба предизвикана од пандемијата на корона вирусот кој претставува и глобална закана, припадниците на Армијата на Република С. Македонија активно придонесуваат кон заштитата на граѓаните, како и кон намалување на последиците од оваа глобална криза.

Ангажирањето на припадниците на МО и АРМ, посебно беше изразено при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на објектите од витално значење за државата како Претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки кои што со уредба ги донесуваше Владата, заштита на казнено – поправните установи, контрола и надзор на државната граница со цел да се спречат нелегални влезови и излези, заштита на хотелите во кои што престојуваат лицата сместени во државен карантин, поддршка на локалната самоуправа и другите државни институции во севкупните напори за спречување на пандемијата и отстранување на последиците од неа.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.