Парична награда од 10 илјади денари за март, април и мај годинава за секој месец за придонесот и дополнителниот ангажман на вработените во МО и припадниците на Армијата за надминување на состојбата со Ковид – 19.
Побара на денешната прес-конфренција Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ).
Претседателот на Синдикатот Ристо Ајтов информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирусот, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата сосотјба, подвлече, е се одговорни МО и Армијата.
Тој потсети дека припадниците на Армијата беа ангажирани при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на објектите од витално значење како што се Претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки донесени од Владата, заштита на КПУ, контрола и надзор на државната граница, заштита на хотелите во кои претстојуваат лицата во државен карантин, поддршка на локалната самоуправа и другите институции во севкупниот напор за спречување на пандемијата и отстранување на последиците од неа.
Од Синдикатот искажаа револт за, како што посочија, лошите услови за работа и непочитување и намалување на правата од работен однос на вработени во МО и АРМ.
Синдикатот на одбраната и безбедноста денеска го промовира слоганот
„Секогаш подготвени за граѓаните и за граѓаните"