Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Склучена спогодба помеѓу ССМ и СТКЧ и Раководството на Баргала АД Штип

Склучена спогодба помеѓу ССМ и СТКЧ од една страна и Раководството на Баргала АД Штип од друга страна.

На работниците ќе им биде исплаќана редовно платата, а започнувајќи од платата за месец септември, месечно да се исплаќа и разликата на плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за 3 месеци по 30%, како и разликата на плата од 10% која била помалку исплатена за месец февруари.

Спогодбата е склучена помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на СТКЧ Љупчо Радовски, заедно со работниците и Раководството на Баргала АД Штип претставувано од Наум Барзов, а на состанокот и потпишувањето присуствуваше и Кристина Ампева од Гласен Текстилец.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.