Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛЕН МАРШ НА ССМ

 

Сојузот на синдикатите на Македонија го организираше најмасовниот СИНДИКАЛЕН МАРШ на кој учествуваа помеѓу 4000 - 5000 граѓани, работници, синдикални членови и синдикални активисти.

Слика 1. Учесници на Синдикалниот марш

Слика 2. Учесници на Синдикалниот марш

Синдикалниот марш започна пред зградата на ССМ во 11 часот под мотото „ССМ ГЛАСОТ НА РАБОТНИЦИТЕ - НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС, БЕЗ НАС!“

Слика 3. Учесници на Синдикалниот марш

Учесниците на маршот продолжија да се движат покрај Собранието, Организацијата на работодавачи на Македонија, за да го завршат Синдикалниот марш пред Владата каде што и беше доставен Првомајскиот проглас .

Пред Владата, свое обраќање имаа Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, Претседателот на Секцијата на Жени, Елизабета Гелевска и Претседателот на Секцијата на млади, м-р Ирена Ивановска.

Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски истакна дека, Први мај – Меѓународниот ден на трудот ќе го искористиме за уште еднаш да ги изразиме нашите ставови и барања во врска со работничките права за кои сметаме и тврдиме дека им припаѓаат на работниците затоа што се работи за основни и најзначајни човекови права заштитени со националниот Устав и со законите, но и со европските и меѓународните стандарди на трудот. Додаде дека остро го осудуваат секој обид работниците и синдикатите да бидат ставени на маргините на општеството и да се одлучува за нивната положба и права без нивно учество. Посочените барања на ССМ во Првомајскиот проглас се прогресивни, развојни и мотивирачки и додаде дека тие, како и предлог-текстот на новиот закон за работни односи се дадени до Владата и сега таа е на потег.

Слика 4. Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски

Претседателот на Секцијата на Жени, Елизабета Гелевска истакна дека низ историјата жената покажала и докажала дека успеала да се избори за основните егзистенцијални права за неа и за членовите на нејзиното семејство. Но жената не е само мајка туку и работник кој се борел и сеуште се бори за остварување на пристојна работа, приостојна плата и посигурни работни места. Секцијата на жени се приклучува кон веќе истакнатите  барања на ССМ за овозможување на подобри и поквалитетни работни и животни услови на работниците во нашата земја.

Слика 5. Претседателот на Секцијата на Жени, Елизабета Гелевска

Претседателот на Секцијата на млади, м-р Ирена Ивановска истакна дека младите во секое општество преставуваат движечка сила на општествениот и економскиот развој во државата. Нашето активно вклучување во целокупниот општествен живот носи промена, свежи идеи, ентузијазам и прогрес кон подобро и похумано општество.  За таа цел, денес, уште еднаш сакаме да ја потенцираме потребата од отворање на нови, квалитетни и подобро платени работни места за младите луѓе и се приклучуваме кон барањето на ССМ, ПЛАТИТЕ ДА ПОРАСНАТ, А МЛАДИТЕ ДА ОСТАНАТ.

Слика 6. Претседателот на Секцијата на млади, Ирена Ивановска

По завршувањето на Синдикалниот марш, дел од раководството на ССМ се упати во Владата на Република Северна Македонија каде што го достави Првомајскиот проглас со барањата од ССМ, а потоа учествуваше на седница на Екомомско- социјалниот cовет.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.