Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИЕР ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОТЕС НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ

Денеска, Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија организираше протест кој започна поред зградата на ССМ и заврши пред Собранието, каде што беа упатени и барањата за разрешување на состојбата во која се наоѓаат вработените во Еурокомпозит и колешките и колегите кои во изминатиот период се прогласени за технолошки вишок.

Претседателот на СИЕР, Игор Герасов беше со работниците и има најава дека во текот на денот Претседателот на Парламентот ќе оствари средба со синдикалните претставници на работниците од Еурокомпозит, се со цел изнаоѓање на решение преку прифаќање на иницијатива за надминување на состојбата во која се наоѓаат колегите од Еурокомпозит.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.