Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СХНМ 25 ГОДИНИ ГРАНСКИ СИНДИКАТ

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Р.Македонија  од 29 Септември до 02.Октомври во Охрид организираше Семинар за своите вработени членови каде покрај членовите на Синдикатот беа и Председателот на Хемија и неметали на Р.Србија г-ин Љубиша Несторовиќ, секретарот на ССМ г-ин Методија Димески

Слика 1.

Темата на семинарот беше Пензискиот систем во Р.Македонија реформи и предизвици за кој зборуваше дип.правник Бошко Китановски од фондот на ПИОМ Битола.

На семинарот беа присутни 41 член на синдикатот.

Во рамките на семинарот се одбележа еден голем јубилеј на СХНМ  25 години грански синдикат, на прославата покрај погоре споменатите слушатели присутен беше   и Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски.

Слика 2. Претседателот на СХНМ Зоран Мироновски и Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски

За поставеноста, почетокот, организацијата, сегачноста и иднината на СХНМ зборуваше Претседателот на СХНМ г-ин Зоран Мироновски.По тој повод на присутните претседатели на синдикалните организации како и на гостите им беа врачени Плакети со кој се одбележа еден голем јубилеј.

Слика 3. Врачување на Плакета на Претседателот Митревски

На семинарот  свое обраќање имаше и Претседателот на ССМ  д-р Живко Митревски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.