Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СГИП континуирано се грижи за спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа на своите членови

Слика 1. Учесниците на настанот

СГИП и понатаму продолжува со грижа за своите членови преку обука за безбедност и здравје при работа со цел подигнување на свеста на вработените. Преку своите активности поврзани со кампањата за Безбедност и здравје при работа која оваа година е под слоганот: Животот и здравјето се на прво место, грижи се за нив додека работиш. За таа цел од 25-27.11.2016-та година во Охрид се одржа Обука на претставници на работниците за безбедност и здравје при работа во организација на СГИП.  На обуката учество земаа 46 претставници од градежните компании и индустријата за градежни материјали каде СГИП има членови. На обуката беа опфатени повеќе теми: Комуникациски вештини, Улогата на претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, Актуелни проблеми од областа на БЗР во градежништвото и индустријата за градежни материјали, Професионални ризици во градежништвото и индустријата за градежни материјали, Професионален ризик од изложеност на азбест, Работа на височина, Работа во услови на изложеност на екстремни температури, Мусколоскелетни заболувања,  Психосоцијални фактори на работното место и Стрес поврзан со работа. Посебен акцент беше ставен на подигнување на свеста на вработените за грижа на своето здравје и обезбедување здрава и безбедна работна средина за нив и околината. Предавачи на обуката беа претставници од СГИП како и Проф.Д-р Јованка Караџинска Бислимовска - Претседател на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Д-р Сашо Столески и Д-р Драган Мијакоски од Институт за медицина на труд. Обуката се реализира во организација на СГИП согласно планот и програмата на СГИП и BWI. Истата се спроведе согласно Законот за Безбедност и здравје при работа и Правилникот за спроведување на активностите за безбедност и здравје при работа на СГИП. Групата активно беше вклучена во целокупната обука што е од голем интерес за СГИП и учесниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.