Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СГИП ИМ ГО ЧЕСТИТА 20-ТИ ЈУНИ, ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ, НА СИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР

По повод 20-ти Јуни, Денот на градежните работници, се одржа свечена седница на Советот на СГИП. Исто така, традиционално се одржа и средба со поранешните активисти на СГИП, членови кои дале голем придонес во развојот на синдикалното движење во изминатите години во нашата Република.

Во знак на почит кон поранешните синдикални активисти и првиот штрајк на градежните работници во Република Македонија, во 1936 година, се положи свежо цвеќе пред спомен одбележјето кај Градската болница во Скопје.

Ова е гордост, но воедно и поттик, за сите наши работници и членови на синдикатот, да ја продолжат својата активност во остварувањата на правата на работниците преку Синдикатот.

Слика: Положување цвеќе пред спомен одбележјето кај Градска болница, Скопје

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.