Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАРМАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ГИ ПОЗДРАВУВА ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита ги поздравува усвоените измени во Законот за здравствена заштита.

И смета дека тие за крајна цел ќе имаат подобра здравствена заштита и поквалитетни здравствени услуги, посебно што се носат во услови како последица и одговор во недостиг на лекари специјалисти.

– Посебно ја поздравуваме отвореноста за соработка со Министерството за здравство, а уште повеќе со министерот за здравство Венко Филипче кој покажа слух, интерес и волја за разрешување на проблемите и подобрување на состојбите во здравството. Сметаме дека е значајно што се дава и можност за консултативни ангажмани на пензионираните лекари во улога на советување за одредени специфики и одредени можни настанати компликации, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Од Синдикатот ја поздравуваат и измената за дополнителна дејност, во и вон јавни здравствени установи. Што се однесува до ангажирањето на лекарите специјалисти со дополнителна дејност надвор од матичната установа, во друга ЈЗУ и во друг град, Самостојниот синдикат за здравство останува на ставот дека тоа треба да се реализира со согласност на лекарот.

– За поздравување се измените поврзани со специјализациите, односно промената на времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата, како и промената во висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако пред време ја напушти установата. Станува збор за позитивни промени и среќни сме за видното задоволство искажано од ЗЛС како засегната страна, стои во соопштението.

Според Синдикатот, позитивна е и измената за склучување договор меѓу здравствените установи за уредување на меѓусебните права и обврски за начинот на вршење на специјалистичко-консултативните услуги при упатување на здравствен работник, односно соработник. Правата и обврските кои што произлегуваат од упатувањето треба да се концизни, а со договорот кој се предвидува со измените во ЗЗЗ истото ќе биде возможно.

– Како Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, сметаме дека законските измени ќе бидат во насока на подобра здравствена заштита и поквалитетни здравствени услуги, вклучувајќи и подобри работни услови.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.