Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

САБОТА И НЕДЕЛА ДА БИДАТ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ

Во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот COVID – 19, се покажа дека повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници, а во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден.

Потсетуваме дека ССМ, покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.

Анализите и примерите покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот ниту работниците и граѓаните.

ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности ќе се изнајде правно решение со кое Недела ќе биде неработен ден.

Ваквата иницијатива на ССМ веќе се покажува и во пракса и голем број на работодавачи своеволно го прогласија Недела за неработен ден, тоа е примерот што треба да го следат и останатите работодавачи како и Владата.

Во регионот последна Словенија воведе неработна недела, а ние можевме да бидеме пример за целиот регион, но сеуште можеме да се приклучиме кон останатите држави од регионот, а да не бидеме последни кој ќе го воведат ова право на работниците.

Потсетуваме дека и премиерот Заев на последната средба во ССМ на почетокот на септември вети на работниците дека недела ќе биде неработен ден, а истото го сторија и политичките партии во предизборниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.