Денес, претседателот на ССМ, Дарко Димовски учествуваше на редовна координација со претставници на Министерството за труд и социјална политика, претседателката на Инспекцискиот совет, директорите на пазарниот и трудовиот инспекторат и граѓанските организации.
Од страна на Претседателот Димовски беа изнесени проблемите со кои се соочуваат работниците во текстилните компании во Штип и Скопје, за кои ССМ во минатиот период информираше и побара инспекциските служби поажурно да интервенираат по пријавите, како од ССМ, така и од работниците.