Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Реакција на ссм за укинувањето на надоместоците и додатоците во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер и во оваа сложена состојба во Државата предизвикана од корона вирусот , покажа мобилност , активност и спремност и се заложи за солидарност на сите со цел побрзо надминување на кризата и враќање на животот во нормала за сите граѓани.

Со донесувањето на Уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба донесена на 37-та седница на Владата, загрижени сме поради суспендирање на дел од одредбите на законите и колективните договори во областа на јавниот сектор .

Бараме да се преиспита дали со исклучокот од важењето на уредбата се опфатени сите дејности кои во овие сложени времиња се на најистурените позиции и се со зголемен ангажман и делување.

За сите други вработени во јавниот сектор предлагаме со Уредбата да се предвиди исплаќање на средствата за реално остварените додатоци и надоместоци на плата за работниците во јавниот сектор по завршување на вонредната состојба .

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.