Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ ПОТПИШУВААТ БЛАНКО ЛИСТОВИ ИЛИ СПОГОДБИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС

Дарко Димовски, Претседател на ССМ - Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работен однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави.

Оливер Спасовски, Претседател на Владата, апелира работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а работодавачите да покажат солидарност и да понесат дел од товарот затоа што и после кризата сите заедно треба да ја продлжат економската активност на државата.

Работниците, дополни, не треба да потпишуваат спогодби за отпуштање од работа. Во оваа ситуација државата помага многу на работниците, прави се што е можно да ги задржат работните места, но мора и работниците да си помогнат на себе, а најмалку што можат да направат е да не потпишуват спогодбени откази. Има Закон за работни односи којшто ги штити.

Аљадин Хавзиу, Директор на Државниот инспекторат за труд, - Откако дел од работодавачите на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона кризата, Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават кај нив секое присилно отпуштање. Директорот на Инспекторатот Аљадин Хавзиу вели дека постапуваат секаде каде што ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.