Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работничките права во 2020-та, ударот и предизвиците од корона-кризата во годината која доаѓа

Корона кризата не затекна сите, вклучително и работниците. Работниците се соочија со многу сериозен предизвик пред нив – губење на работните места уште од самиот старт на кризата. Тоа ние како ССМ укажавме дека генерално беше од многу несовесни работодавачи. Точно е дека се носеа низа на мерки и решенија. Ние како ССМ уште на самиот старт направивме план на кој начин да настапиме и какви предлози да дадеме, изјави Слободан Трендафилов шеф на кабинетот на претседателот на Сојузот на синдикати.

-Црпевме примери од европските држави. Морам да кажам дека на почетокот Владата прифати голем дел од барањата на ССМ. Сакам да повлечам дека имаше и одредени недостатоци и во мерките и во имплементацијата, не беше јасно дефинирано што значат истите и тие дилеми одреден број на работодавачи ги користеа. Работниците се соочија со предизвикот прекинување на договорите на определено време, нешто за што ние гласно зборевме дека е најголем проблем на македонскиот работник, нешто што здравствената криза го потврди, вели Трендафилов.

-За нашите залагања добивме поддршка и од тогашниот технички претседател на Владата и од директорот на Државниот инспекторат за труд, каде што заедно со претседателот на ССМ упатија апел до сите работници да пријават злоупотреби. Апелот вроди со плод со тоа што сите пријави од страна на работници кои беа адресирани до ССМ а потоа доставени до надлежното министерствои односно Државниот инспекторат за труд, за многу кратко време беа решавани и беа укинувани таквите спогодбени решенија за престанок на работниот однос, изјави Трендафилов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=_IllBHVxjlI&feature=emb_title

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.