Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работна средба во ГШ на АРМ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, заедно со претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста, Оливер Стојановски и раководството на СОБ, денес, оствари работна средба со Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и со претставници од ГШ на АРМ,

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски со претставниците на СОБ и  Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и со претставници од ГШ на АРМ

На средбата во ГШ на АРМ покрај претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) д-р Живко Митревски,  го претстави новото раководство на Синдикатот на одбрана и безбедност и идните планови во однос на заедничка соработка на синдикатот со ГШ на АРМ.

Теми на кој се разговараше на денешната средба во Генералштабот беа можностите за соработката на АРМ и ССМ во однос на состојбата во остварување на општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право во работничката сфера на припадниците на АРМ, како и за актуелни случувања во сферата на правата од работниот однос.

Во Синдикатот на одбраната и безбедноста членуваат голем дел од припадниците на АРМ.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.