Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работна средба со Заменикот на претседателот на Владата на РСМ, Мила Царовска со синдикатите

На покана на Заменичката на претседателот на Владата на РСМ, задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, г-ѓа Мила Царовска, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, присустуваа на  работен состанок  кој се одржа  денес, во просториите на Владата, а на состанокот присуствуваа и претставници од синдикатите, Слободан Антовски претседател на УНАСМ, Маријан Ристевски претседател на КСОМ, Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, Миле Бошков, претседател на БКМ и др.

На состанок се дискутираше за продлабочување на соработката помеѓу социјалните парнери, а во насока на унапредување на правата на работниците за што ССМ во изминатиот период постојано говори.

Соработката помеѓу Владата, синдикатите, коморите, и организациите на работодавачи е значајна во креирање на ефективни и ефикасни политики за унапредување на правата на работниците, економски политики, програми, проекти и мерки, за побрз и одржлив економски развој, а позитивно беше оценета средбата со оглед на тоа што прв пат, сите чинители во социјалниот дијалог имаа можност на заедничка средба со Заменикот на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори на која ќе ги пренесат своите ставови и  заложби.

Од страна на учесниците на работната средба беше укажано дека досегашната соработка е на многу високо ниво, а во иднина се очекува уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на бруто домашниот производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани, што според ССМ е единствено можно преку изнаоѓање на решенија за повискоки плати преку примена на Колективните договори и зголемување на минималната плата со што ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани.

Во изминатиот период, Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат, успешно соработува со коморите, Владата, синдикатите и организациите на работодавачи и како резултат на таа блиска соработка донесени се решенија кои се приближно до интересите на сите засегнати страни: работниците, компаниите и државата, а како пример го имаме Законот за минимална плата, која врз основа на аргументирани предлози од страна на ССМ, со заеднички консензус, изнесува 14.500 денари, укинувањето на нормираниот учинок на иницијатива на ССМ со што се изедначија сите работници во државата  и со што се исправи голема неправда спрема македонскиот работник, субвенционирањето на платите и младинскиот додаток, како и активна соработка на креирање на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот и др.

Претставниците на синдикатите, коморите и организациите на работодавачи изнесоа свои видувања за идната соработка со Владата, а заедно констатираа  дека сите законски решенија, политики, програми и мерки, треба да се носат преку заедничка координација и широки консултации со што ќе се зајакне и улогата на Економско- социјалниот совет.

Во иднина Сојузот на синдикати на Македонија како единствен репрезентативен и најголем синдикат на територија на РСМ и понатаму продолжува да се залага за зголемување на правата на работниците и нивната заштита, а до сите чинители во македонското општество ќе ги изнесе своите ставови во врска со зашитита и унапредување на правата на работниците, а ССМ ги повикува сите синдикати, репрезентативни и нерепрезентативни, од сите дејности да се здружат и со заедничка работа да придонесат за унапредување на правата на работниците.

Апелираме на Социјален дијалог како во Економско - социјалниот Совет така и на сите нивоа на договарање и  преговарање, а воедно се спротиставуваме на секој обид за девалвирање и поткопување на досегашната активност на социјалните партнери.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.