Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНАСМ

13.11.2018

Денес, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, оствари работна средба со претседателот на Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Слободан Антовски, на која беше дискутирано за значајни прашања поврзани со делувањето на синдикатите во процесот за донесување на нов Закон за работни односи во РМ, за постапката околу преговорите за склучување на нов Општ колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, како и за унапредување на соработката помеѓу ССМ и УНАСМ, согласно веќе потпишаниот Меморандум за синдикална соработка.

На средбата беше потенцирана потребата за заедничко дејствување на синдикатите во РМ со цел поголема заштита и унапредување на работничките права и интереси. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.