Од 18-19.04.2019та година, во Хотел ДРИМ Струга се одржа работнилница за потребата од законски измени или нов Закон за безбедност и здравје при работа која беше организирана во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”. каде учествуваа околу 30 претставници од ССМ,МЗЗПР и ОРМ кои и го спроведуваат овој проект.
На работилницата од страна на ССМ присуствуваа Слободан Трендафилов – Шеф на кабинет во ССМ, Иван Пешевски - Заменик Претседател на СГИП и Панче Андов - претставник од Македонскиот полициски синдикат - МПС кои ги презентираа ставовите на ССМ по однос на Законот за безбедност и здравје при работа.
Слика1. Учесници на работилницата
Слика 2. Учесници на работилницата
Слика 3. Учесници на работилницата